Неизвесна е судбината на италијанскиот стратег Карло Анчелоти на клупата од Реал Мадрид и се уште не се знае дали и следната сезона ги предводи „кралевите“.
Анчелоти отфрли враќање во Милан и да добие карта во еден правец од кралскиот клуб со кој сезонава не освои ниту еден трофеј.
– Одлуката околу мојата иднина ја имам донесено. Или ќе останам во Реал Мадрид или ќе паузирам една година од фудбалот. Незнам како да му се заблагодарам на Силвиот Берлускони за неговите пофалби кои многу ми значат. – рече Анчелоти.
Поддршка за Анчелоти испрати Кристијано Роналдо, кој после завршувањето на мечот со Гетафе постави слика на социјалните мрежи на која пишуваше : Голем тренер и голема личност. Се надевам дека и следната сезона ќе работиме заедно.
„Росонерите“ со Анчелоти на клупата освоија две титули во Лигата на Шампиони и една во Серија А, а токму тој беше надежта на навивачите кои сезонава го бојкотираа клубот поради лошите резултати.
Мх.П.