Европскиот и Светскот првак Реал Мадрид со два порази во исто толку натпревари ја започна новата 2015 година. Поуспешни од „кралевите“ беа Валенсија во Ла Лига и Атлетико во Купот на Шпанија.


– Не сме во криза и мислам дека со таквите натписи се претерува. Нормално е дека не сме среќни со последните порази, но ќе работиме напорно и ќе се вратиме уште посилни. Атлетико Мадрид е комплетна екипа и е многу тешко да играш против нив бидејќи сите функционираат како еден – рече италијанскиот стратег Карло Анчелоти.

Од поразот во Купот незадоволни беа Џејмс Родригез и Марсело кои горат од желба за реванш против градскиот ривал.

– Не заслуживме да изгубиме бидејќи еден час бевме подобар противник. Првиот гол не прекина, но и покрај тоа ги притискавме на нивната половина. Тие играат на долги топки и две акции успеаја да ни дадат два погодоци – надополни Родригез.

Мх.П.