Актуелниот првак во Бундес лигата, Баерн Минхен му одржа лекција на Лајпциг победувајќи го (3-0) на Алијанц Арената. Со овој триумф „баварците“ се одлепија на три бодови и се наоѓаат на чекор од есенската титула.


– Многу сум задоволен, посебно од првите 30 минути кога доминиравме на секое поле. Бевме многу агресивни и го контролиравме натпреварот од почетокот од крајот. Средината одработи маестралан работа на мечот, а оваа победа ни дава многу самодоверба и доказ дека вистински работиме на тренинзите. – рече Карло Анчелоти.

Тренерот на гостите кои го имаат епитот „чудо во Германија, Ралф Хазенхитл им порача на своите играчи да не се разочарауваат од поразот. – Горди сме на се што имаме направено до сега, и нема простор за разочарување. Овој пораз е само лекција и ништо друго. И поголеми екипи губеле од Баерн Минхен, па сите продолжиле со исто темпо, така и ние.

Во Бундес лигата следува зимска пауза, а возбудувањата ќе започнат на 17 јанури следната година.

OhridNews