Лидерот во Примера, Реал Мадрид во градската пресметка со Алтетико претрпе пораз 4-0, највисок во последните пет сезони.
– Атлетико ја заслужи победата. Не надиграа во секој сегмент. Ниту еден играч од Реал не одигра добро. Сите потфрлија, доцнеа на секоја топка, ги изгубија сите дуели на земја и во скок. Мораме добро да анализираме и да видиме што ни се случи во дербито – рече Карло Анчелоти.
Повредите кои пред почетокот на дербито беа голем проблем не се оправдување за италијанскиот стратег.
– Составот беше тој и не можеше ништо друго да се комбинира. Но, тоа не беше проблем туку нашата незаинтересираност во текот на мечот. Не е нормално Реал Мадрид вака да изигра, мислам дека полошо и не ни можевме. – додаде Анчелоти.
Ohridnews