Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, по поразот на неговиот тим од Атлетик Билбао (1:0), изјавил дека неговите играчи мора да ја подобрат играта во наредниот период.
Поразот на Реал може да го искористи Барселона и со победа во неделниот натпревар против Рајо Ваљекано да се врати на врвот во Примера.
Она што го загрижува Анчелоти е тоа што неговите играчи на последните две средби, против Виљареал (1:1) и Атлетик Билабо (1:0) постигнаа само еден гол и тоа од пенал.
„Натпреварот беше израмнет. Атлетик добро се бранеше. Проблемот не беше нашата одбрана или напад туку фактот дека не можевме да најдеме вистински решенија на теренот. Делувавме конфузно. Во две средби постигнавме само еден гол и тоа од пенал. Мораме да се поправиме, мора да ја вратиме ефикасноста“, рекол Анчелоти.
„Макфакс“