Карло Анчелоти за прв пат беше официјално преставен пред медимуите по превземањето на клупата на Баерн Минхен. Италијанецот доаѓа на местото на Пеп Гвардиола кој во изминатите три години освои исто толку титули во Бундеслигата.

– Баерн е еден од најголемите клубови во светот, пресреќен сум што сум овде и што можам да работам во еден од најдобрите клубови. Не сум овде да направам револуција, работата на Пеп во измантиот период беше одлична, имам одличен тим кој го наследив од Пеп. Нема многу да се менува стилот на игра, системот ќе биде горе долу истиот. – потенцираше Анчелоти.

И додека Баерн е доминатен во Германија, со Пеп изостана триумфот во Лигата на Шампиони. Задача кој ќе треба да ја исполни “Карлето“ кој досега 5 пати (како фудбалер и тренер) го подигна трофејот во најпрестижното европско клупско натпреварувње.

– Јас сум навикнат да бидам под притисок, секогаш сум водел топ клубови (Милан, Јувентус, ПСЖ, Челси и Реал) и поради тоа и не чувствуваме преголем притисок, јас ја сакам мојата работа и ќе дадам се од себе. Јас како менаџер може да контролирам многу работи, се освен резултаот, ако тоа успеам тогаш ќе бев магионичар, не менаџер. Да се победи ЛШ не е лесно, секој топ клуб ја започнува сезоната за да го освои трофејот, најважно е да се биде конкурентен и да се стигне далеку во ова натпреварување, секако дека полуфиналето не е доволно за овој клуб, но за ниту еден голем клуб не е цел полуфиналето. Мојата работа не ниту полесна ниту потешка, Гвардиола е сериозен тренер кој секаде каде што работел оставил добар впечаток, јас ќе се обидам да го продолжам добриот имиџ кој го наследив од него. – рече Анчелоти.

Карло Анчелоти е само втор италијанец кој ќе го води Баерн Минхен, и тоа после Џовани Трапатони. Тој откри една од тајните за да се биде успешен менаџер. – Менаџерот мора да биде во добра релација со фудбалерите, да има респект кон нив, јас имам идеја како да се игра и моја задача е да ги убедам фудбалерите дека тоа е најдоброто .Но, доколку тие имаат друга идеја, јас не сум човек што не се противи туку напротив ја прифаќам таа иницијатива. – открива Анчелоти.

Во преодниот период Баерн се засили со неколку фудбалери како Мат Хумелс и Ренато Санчез, дали ќе има нови имиња или заминувања Анчелоти не откри.

– Маркетот е отворен до 31 август и се може да се случи, но јас ќе зборувам само за фудбалерите кои се овде. Така е и со Геце и со Бенатиа. Се додека тие се играчи на Баерн јас ќе ги третирам така. – истакна Анчелоти.

Новата сезона во Бундеслигата започнува на 28 Август, а Баерн игра против Вердер.

OhridNews