На „кралевите“ не им тргна баш најдобро во шпанската „Ла Лига“, а излезот од резултаската криза го гледаат во мечевите од Лигата на Шампиони каде се актуелни прваци.

– Мечот со швајцарците доаѓа во вистински момент за сите нас. Против фудбалерите на Базел треба и мора да го покажаме нашиот карактер дека можеме да пребродиме се. Имаме неколку нови фудбалери, а немавме многу време и простор да се воиграме што подобро. Потребен ни е континуитет за подигнување на духот во екипата – рече Анчелоти.
Во шест натпревари кои ги одиграа „кралевите“ сезонава забележаа само две победи, премалку за екипата која во составот ги има Роналдо, Бејл, Крос, Џејмс Родригез и други.
Мх.П.










