Фудбалерите на Реал Мадрид по победата над Шалке 2-0 само чудо може да ги спречи да не бидат патници во четвртфиналето од Лигата на шампиони.


– Почнавме многу добро и покажавме дека сакаме да се надигруваме. После водечкиот погодок беше полесно, го контролиравме текот на мечот и не требаше да притискаме. Потоа следуваше вториот погодок, кој ни донесе сигурна победа и во голема мера пласман во четвртфиналето – рече Карло Анчелоти.

Никој до сега во Лигата на шампиони не ја одбранил титулата, а италијанскиот стратег смета дека притисокот е исти како од минатата сезона кога ја „галактикосите“ ја бркаа десеттата круна.

– Притисокот е исти и нема разлика. Минатата сезона беше се десеттата титула, оваа за единаесеттата така притисокот е ист. – заклучи Анчелоти.

Ако неговиот тим и сезонава успеа да ја освои титулата во ЛШ, Анчелоти ќе стане најтрофеен тренер со четири титули.

Мх.П.