Италијанскиот стратег Карло Анчелоти пред да го официјализира договорот со Баерн Минхен имал неколку барања до германскиот гигант.
Едно од најважните барања било останување на Роберт Левандовски по секоја цена на Алијанц Арената иако интерес за полскиот репрезентативец имаlo од Реал Мадрид и Пари Сент Жермен.
„Кралевите“ и „светците“ не би штеделе пари да го доведат голгетерот на „баварците“, а понудите требало да достигнат 50 милиони евра.
Покрај ова барање Анчелоти исто така побарал останување на Даглас Коста кој сезонава го засили Баерн Минхен од Шахјтор.
На клупата од „баварците“ Анчелоти ќе го наследи Гвардиола кој по завршувањето на сезоната ќе се раздели од германскиот гигант.
Ohridnews











