Тренерот на минхенски Баерн, Карло Анчелоти, нема намера да го продаде Артуро Видал, пренесуваат италијанските медиуми. Конкретна понуда за Чилеанецот во Минхен има испратено Интер.
Анчелоти, ставил вето на трансферот на Видал, дури и во случај во Минхен да пристигне играчот на Шалке, Леон Горецка.
Според германските медиуми, трансферот на Горецка веќе бил договорен, што значи дека Видал би можел да замине од клубот, но Анчелоти нема намера да го продава Чилеанецот ни за сума од 50 милиони евра.
„Видал останува со нас. Им кажав на своите пријатели (спортскиот директор Валтер) Сабатини и Спалети да забароват на него“, рекол Анчелоти.
Баерн 30-годишниот Видал го донесе пред две години од Јувентус за 40 милиони евра.
OhridNews