Шпанскиот репрезентативец Андер Ерера ќе паузира два мечеви поради црвениот картон кој го доби на дуелот меѓу Челси – Манчестер Јунајтед во четвртфиналето од ФА купот.


Фудбалерот за врска еден натпревар суспендиран за црвениот картон, а уште еден за негодувањето, односно за реакцијата кон главниот судија Мајк Оливер.


Шпанецот ќе ги пропушти мечевите со Мидлзброу и Вест Бромвич Албион во Премиер лигата. За двата натпревари во Англија менаџерот на „ѓаволите“ не ќе може да смета и на Златан Ибрахимовиќ кој ја одлежува суспензијата од три мечеви поради ударот со лакот на Мингс на дуелот со Бурнмаут. 

OhridNews