Британецот Енди Мареј го заврши учеството на годинешното издание на УС Опен, откако во осминафиналето загуби од одличниот Јужноафриканец Кевин Андерсон. За разлика од Мареј во четвртфиналето минаа Федерер, Вавринка и Гаске.
Андерсон го елиминираше Мареј со брилијантна игра, Јужноафриканецот победи со 7:5, 7:6, 6:7, 7:6. Ова е прва победа на Андерсон над некој од Топ 10 играчите на еден Грен слем турнир.
Противник на Андерсон во четвртфиналето ќе му боде Стен Вавринка. Швајцарецот одигра четири сета против домашниот фаворит Доналд Јанг ипобеди со 6:4, 1:6, 6:3, 6:4.
Последната четвртфинална двојка ја формираа Роџер Федерер и Ришар Гаске. Федерер го елиминираше Џон Изнер со 7:6, 7:6, 7:5. Федерер сеуште нема загубено сет на турнирот, а против Изнер забележа 55 директни поени и само 16 неизнудени грешки.
Федерер за пласман во финалето ќе се бори со Ришар Гаске кој во четири сета со 2:6, 6:3, 6:4, 6:1 го совлада Томаш Бердих.
Ohridnews