Откако биле објавени номинациите за Оскар, започнала и трката за презентерските места. Откако претходно било најавено дека презентери ќе бидат Том Круз, Том Хенкс, Џенифер Лопез и целата екипа на “Деверици“, сега било потврдено дека таа чест ќе да добијат и Анџелина Џоли, Камерон Диаз и Пенелопе Круз. Освен што ќе биде презентерка, Анџелина ќе биде и поддршка за номинираниот Бред Пит.
Упатените велат дека Бред и Анџелина имале отворена и трајна покана да бидат презентери на секоја церемонија за доделување на Оскарите без оглед на тоа дали се номинирани или не. Пенелопе Круз, исто како и Џоли е добитничка на Оскар, и тоа за најдобра споредна улога во филмот на Вуди Ален „Вики Кристина Барселона“.