Холивудската актерка и една од најубавите жени на светот, Анџелина Џоли, потпишала договор со престижната модна куќа Луј Витон и тоа на десет милиони долари. Таа досега била заштитно лице на модната куќа Сен Џон, како и на козметичката куќа Сисеидо, а договорот кој го потпишала со Луј Витон е најдоходовната рекламна кампања на која досега се согласила.












