Бред Пит е одлучен во тоа да остане пријател со својата поранешна сопруга Џенифер Анистон. Имено, минатата седмица упорно ја наговарал да се сретнат во Лондон, каде актерката била со своето ново момче, актерот Џастин Теру. Кога Анџелина дознала за тоа била се само не одушевена. Извор близок на парот рекол дека Анџелина не можела да верува како Бред мислел дека може да се сретне со Џенифер во Лондон, градот кој е преполн со папараци. Истиот извор напоменал дека на Анџелина и сметала празноверноста и наивноста на Бред.


Иако Анџелина им рекла на пријателите дека му верува на Бред и дека знае дека помеѓу него и Џенифер нема ништо, исто така признала дека и е доста од препирките околу неговата поранешна сопруга. Му забранила да се гледаат, а Бред и вратил дека неговиот одност со Џенифер е само негова лична работа. Анџелина смета дека Анистон ќе подигне медиумска прашина и дека тоа ќе им наштети на нивните деца.