Актерката Анџелина Џоли сепак не е задоволна со својата линија па одлучила да се здебели неколку килограми до свадбата со Бред Пит. Анџелина, која е на работ на анорексија, ќе се венча со својот долгогодишен партнер ова лето и сака за тој ден да биде најубава.
Холивудската дива планира да се здебели пет килограми како венчаницата би и прилегала што поубаво. Убавата актерка побарала совети од познатиот готвач Џејми Оливер за тоа како да се припремаат здрави и вкусни оброци.