Извор близок на Анџелина Џоли открил дека актерката не е задоволна од престојот во Велика Британија, бидејќи поголем дел од времето минувала во собата со децата додека Бред Пит го снимал својот филм. Тој добил улога во филмот “World War Z”, кој се снима во Велика Британија. Анџелина одлучила да му се придружи на патувањето, но сега жалела поради таа одлука.


Снимањето на филмот траело подолго од планираното. Изворот навел дека снимањето траело по неколку часа во денот, а за тоа време Џоли била сама со децата и немала што да прави. Најверојатно таа наскоро ќе се врати во САД, додека Бред ќе остане во Велика Британија до завршувањето на снимањето.