За очекување е дека ѕвезда како Анџелина Џоли би уживала во кавијар во неограничени количини,но актерката реши да ја користи оваа скапа прехрамбена намирница во козметички цели.

Откако драстично ослабна, на нејзиното тело се појавија силно изразени вени, а посебно на подлактиците и дланките. За да се бори против проширените вени, Анџелина се реши да користи третман со кавијар од есетра.

Поради големата количина протеини и други активни супстанци, за кавијарот се тврди дека има многу благотворно дејство на кожата. Третманот се спроведува на целото тело, а „рибниот мирис“ се избегнува користејќи екстракт од кавијар наместо природен. Анџелина Џоли станала фан на третманот со кавијар за време на својот престој во Венеција, откако го испробала неговото дејство во локалниот спа центар.

Анџелина не е единствената холивудска дива која верува во благотворното дејство на кавијарот, претходно и Кетрин Зета Џонс призна дека го користи кавијарот наместо вештачки препарати за да и даде сјај на својата коса.    

Јасмина Т. Момироска