Анџелила Џоли и Бред Пит изгледа сеуште нема да стапнат на „лудиот камен“. Се се одлага поради големата кавга која избила помеѓу Анџелина и Бред поради неговото семејство, пренесуваат медиумите. Имено, Анџелина не може да го поднесе тоа што неговото семејство е многу религиозно и поврзано со свештеник кој е против хомосексуалните бракови. Актерката досега неколку пати зборувала дека таа и Бред нема да се венчаат се додека не се легализираат истополните бракови.

Поради борбата за рамноправност, убавата актерка е многу лута на семејството на Бред. Таа дури и му рекла дека ќе разговара со неговото семејство доколку тој не сака, бидејќи не сака да се омажи под такви околности. Родителите, братот и сестрата на Пит одат во црква кај свештеник кој ги осудува истполните бракови и наводно шири пропаганда против хомосексуалците. Анџелина е очајна поради таквиот став на семејството на Бред и поради тоа сеуште не сака да се омажи за својот долгогодишен партнер.