Андоноски : “Ќе истапиме од лигата до колку РК Охрид биде санкциониран“
15.11.11 00:41
Натпреварот од првата ракометна лига меѓу Охрид и Ринија кој не го дочека својот крај, се води како прекинат, во 33 минута и тоа поради напад на судиската двојка. Тренерот на охриѓани Горан Андоновски смета оти жалосно е што вакви сцени се случуваат во Охрид, кој годинава се обидува да го заживее ракометот.
– Ние како домаќини не сме воопшто виновни за ова што се случи во спортската сала во Охрид. Цела недела разговаравме и со публиката и во клубот да нема груба игра и целиот натпревар беше без некој груб фаул од наша страна, дури ние ги смирувавме нивните играчи за да не ги нападнат судиите. На спортски план не можеа ништо да постигнат,имавме пет голови предност, и сигурно дека ке ја зголемивме таа предност , го увидоаа тоа и на секој друг начин сакаа да го добијат овој натпревар, вршеа притисок, на судиите ги нападнаа и на крајот го напуштија теренот. Мислам дека ова не е добро за македонскиот ракомет, РФМ мора под итно да се замисли, бидејќи ете се буди еден ракометен центар како Охрид, кој во неколку натпревари собира по 2 илјади гледачи и на ваков начин да се уништи сето тоа е жалосно. Децата тренираат се борат, и ако РФМ не казни нас како РК Охрид со обезбедена полиција , службени лица, јас лично но и клубот ќе се откажеме од понатамошното натпреварување. – рече тренерот на охриѓани Горан Андоноски , поранешен македонски репрезентативец.
Екипата на Охрид овогодинешниот ЕХФ Европски Куп го започнува со двомеч против екипата на Спор Тото СК од Турција Двата натпревари ќе се одиграат во „Билјанини извори“ на 23ти и 24ти октомври, со п...
Два златни, еден сребрен и пет бронзени медали освоија членовите на охридскиот клуб „Хваранг Фист“ во третото коло од Македонската теквондо лига во олимписко теквондо кое се одржа викендов во Скопј...
Изминатиот викенд во Скопје се одржа петтото коло од Бокс лигата на Македонија, на кое настапија и боксерите од Боксерскиот клуб „Алексо Огненовски“ од Охрид Тие остварија три победи во исто толку ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.