Пред нас е уште едно Езерско дерби кое што традиционално поминува во одлична атмосфера и голема посетеност, и во кое очекувам победа на Охрид, но голема штета е отсуството на навивачката група Рибари, вели стратегот на ГРК Охрид Горан Андоновски. Тој изрази респект кон најверните навивачи на Охрид кои отсуствуваат од трибините на натпреварите на Градскиот ракометен клуб, со желба да се стави крај на проблемите од минатото.

Голема штета е отсуството на навивачката група Рибари и ова дерби без нив ниту го има истиот сјај, а уште помалку и значењето. Постои проблем кој треба да го оставиме во минатото, за доброто на ракометот за доброто на Охрид. Јас лично никогаш јавно лош збор не сум напишал или рекол за РИБАРИ, иако со поедници сме имале несогласувања, дури и јавно се извинив на навивачката група на почеток на оваа сезона. Време е сите заедно да тргнеме кон посветла иднина на ГРК Охрид. – се вели во изјавата на тренерот Горан Андоновски дадена за клупската страница пред Езерското дерби со Струга.

Натпреварот Охрид Струга се игра во рамки на 13 коло од А групата на Супер лигата, во сабота, 3 декември со почеток во 18:30 часот.

Г.М.