Без победник 22-22 заврши дуелот меѓу Охрид и Пелистер во 11-та рунда од Супер лигата. Предводникот на „сините“, Горан Андоновски е задоволен од играта на своите избраници, а крајно револтиран од судискиот тандем Николов – Начески.
– Ова е голем ден за ракометот во Охрид. Никој во градов не очекуваше дека ќе успееме да останеме непоразени на мечот со Пелистер. Евидентно е дека работиме напорно и може само да биде подобро. Со едно засилување во нападот добивме повеќе опции и ветуваме тешка борба за опстанок до крајот на сезоната. Воопшто не сум задоволен од арбитражата на судискиот двоец Николов – Начески кои се меѓу десетте најдобри во Европа. Јас барам да имаме вакво судење кога играме надвор од Охрид, а не како против Преспа кога на домаќинот му се дозволуваше напад по пет минути – рече охридскиот тренер, Горан Андоновски.
Во следната 12-та рунда охридските ракометари гостуваат кај тимот на Овче Поле, кој во Охрид успеа да остане непоразен.
ГКК Охрид ја совлада Гевгелија со 87:60 во второто коло од Првата македонска кошаркарска лига и ја забележа втората победа во новата сезона Охриѓани водеа во текот на целиот натпревар, постојано зг...
Со кратка комеморација и минута молк, пред почетокот на натпреварот меѓу ГКК Охрид и Гевгелија, беше оддадена почит на прерано починатиот кошаркарски тренер и спортски работник Антонио Савевски Кош...
Фудбалерите на Охрид Лихнидос продолжуваат со одличните настапи во Втората македонска фудбалска лига Во рамки на 8 коло, охриѓани славеа на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров со 2:0 Охрид пове...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.