Капитенот Крсте Андоновски и миленикот на охридската публика Иван Тасески и следната сезона ќе ги бранат боите на Ракометниот клуб Охрид. Андоновски и Тасески, денеска, ги прецизираа сите детали со клупската управа и ставија потпис на новиот договор.

Продолжуваме со мисијата за задржување на костурот од прекинатата сезона. Андоновски и Тасески повеќе од успешно го носеа дресот минатата сезона и воопшто немаше дилеми околу продолжување на соработката. Дуото е темел на нашата екипа и задоволни сме што ќе ги иаме уште една сезона. – изјавија од клубот.

„Гладијаторите“ продолжувањето на договорите ги започнаа со тренерот Раде Стојановиќ, продолжија со тројцата интернационалци Филип Кривокапиќ, Денис Тот и Јагош Брауновиќ а рака за нова соработка пуштија со Никола Даниловски и Мартин Манасков.

Охрид во најскоро време ќе ги официјализира договорите со останатите ракометари и ќе се впушти во трка за ангажман на нови имиња.

Мх.П.