Македонската ракометна репрезентација се наоѓа пред извонредна можност  да избори пласаман на ЕП кое се игра во Норвешка во јануари 2008. и по долга пауза да биде дел од континенталното натпреварување .  По првиот натпревар имаме  -5 негатива која не дека не е недостижна , но не  мала предност која ја имаат Словенците во пресрет на реваншот во Кале, снмета ексрепрезентативецот Горан Андоновски.

При гостувањето на локалната Тв НТВ  поранешениот репрезентативец Горан Андоновски, рече дека  репрезентативците имаат историска шанса за пласман на ЕП .

– Одамна не сме се пласирале на некое големо натпреварување  од  ЕП 98 Италија и Сп 99 Египет.По  освоеното второ место во групата во ждребот ја  добивме репрезентацијата на  Словенија која поради одредени проблеми во својот состав не игра на највиско ниво Рутенка , Пајович ,Ковтичник Вугринец се во судир со селекторот Каменица и нема да настапат во Скопје, вели Андоновски.

На натпреврот во Марибор покажавме две лица,во првиот дел одигравме на високо ниво ,додека евидентен беше падот во вториот дел ,во финишот со два гола се извлековме и стигнавме до -5 .

–  По се` она што се случуваше во Марибор неможеме да бидеме задоволни.Словнеците не беа во ништо подобри од нас, нашиот најдобар играч Лазаров потфрли, но мислам дека тоа нема да биде случај во Скопје. Оваа гернерација е во најдобрите играчки години, го има потребното искуство, сите играчи настапуваат надвор и кај нив забележав желба за пласман на ЕП –вели Андоновски

Промента и пристапот кон играта во огромна мера се благодаренние на работата на селекторот Вујовиќ кој со своето искуство придонесе да има дисциплина во играта и го подигна нивото на игра. Според Андоновски играњето на ЕП и СП за еден играч е врв во кариерата .

М. Постоловски