Повеќе од еден месец во Охрид работи ракометната школа на поранешниот македонски репрезентативец  Горан Андоновски .  По пауза од две и пол години ракометот на мала врата се враќа во градот, а Андоновски не очекува чуда. Преку 30 деца на возраст до 14 години ќе ги учат тајните на ракометот.


На мое лично инситирање но и на барање на родители, се одлучив на ваков потег. Првенствено гледајќи дека и мојот син поголемиот дел од  денот го минува на компјутер, а голем број на децата имаат проблеми со рбетот и кичмата, ме натера да се го направат овај чекор. Од одизвот сум пријатно изненеаден бидејќи не започанавме на стартот на школската година, сега за сега е солидно. На пролет за прв пат ќе заопочнеме со работи и со девјочиња, но за тоа потоа – вели Андоновски.


Охриѓани се љубители на ракометот, но по згаснувањето на ракометниот клуб “Климент Охридски“ овај спорт се збриша од скромната охридска мапа на спортови. Младите охриѓани полека чекор по чекор ќе го изучуваат и ќе ја запознаваат убавината на овај спорт.

Прво нешто што учиме овде се основните поими на физичка култура, правилно движење и моториката,  засега е многу рано но откако овие мали деца ќе добијат основи ќе  одиграме пријателски средби со ваквите школи во нашето опкружување, Струга, Ресен Битола, со цел децата да го осетат теренот и да видат што значи ракометот.  – истакна Андоновски.


Поучен од сите патешествија кои ги имаше во својата богата играчка кариереа Андоновски знае дека враќање на ракометот во Охрид нема да биде лесно, туку пред него и овие деца престои долг пат да се изоди за охриѓани повторно да бидат дел од ракометната елита.

M.П.