Поранешниот ракометен репрезентативец на Македонија, Горан Андовски го има осетено шмекот на Европското и Светското првенство.Тој заедно со Манасков во екипата, и Нишевиќ на клупата “црвено жолтите“ дебитираше на ЕП во Италија во 1998 година, а една година подоцна момците на прославениот голман Ванчо Јованоски настапуваа на Светското првенство во Египет.


Чувството да го браниш грбот на родната земја на големо натпреварување е неописливо , кога ќе ја слушнеш химната морници ти го полазуваат целото тело, најсилен впечаток ми остави мечот на СП во 1999 кога игравме со домаќинот Египтет во полна сала во која имаше преку 25 000 гледачи. Пред нашите гледачи во салата “Кале“ во периодот од 1997/99 година немавме пораз, ги победивме Србија, Романија а со Хрватска одигравме нерешено. Играњето за репрезентацијата е толку свето што се надминуваш самиот себе, ние го дававме тоа што немавме – вели Андоновски.

Македонија по долга пауза се врати во елитното европско друштво и тоа благодарение на одличните квалификации низ кои минаа “црвено-жолтите“.  Распоредот на ЕП е згуснат во пет дена се играат три натпревари, а тоа темпо е напорно за секој еден спортист.


Избраниците на Шундовски ќе немаат проблем да го издржат пеколното темпо на ЕП, во наше време беше многу тешко да се обезбеди пријателска средба, игравме од квалификации за квалификации, тогашната репрезентација немаше можност за одигрување квалитетни натпревари како што е сега. Времињата општо во спортот се променати, ракометот е повторно во мода во нашата земја, Металург и Вардар играат натпревари “среда-сабота“ , се закажуваат квалитетни пријателски средби – смета тренерот на РК Охрид 2011, Андоновски.

Македонија во групата Б се наоѓаа со четири кратниот освојувач на европската круна, Шведска, светскиот шампион од 2004 година Германија  како и Чешка. “Црвено-жолтите“ имаат свои адути во составот, Шундовски располага со одличен бековски тандем Мојсоски – Лазаров.


–   Групата не е ни воопшто слаба или неквалитетна, неможе група на ЕП да биде лесна. Шведска моментално има промена во составот, и тука ја гледам нашата шанса. “Викинзите“ имаат релативно млада екипа, но ние не треба да се опуштиме тие сепак играат во врвните европски клубови.  Германија е само име, моментално “швабите“ ја имаат најаката лига во Европа, а сепак селекцијата не е им во топ форма. Чешка е добра репрезентација го имаат најдобриот бек на светот Јиха, со ангажирана игра можеме до триумф над чесите. Во нашиот состав ги имаме најдобрите стрелци во Лигата на Шампиони, Кирил Лазаров и Наум Мојсоски. Голем пех за репрезентација е пикерската позиција, Ванчо Димоски не е 100% спремен, и кога е спремен не е највисоко ниво, додека Стоилов е младо момче кое е перспектива, но сепак се “тенки“ на оваа позиција.  Голманите Ристовски и Ангелов се солидни, треба да имаат свој ден на ова ЕП и заедно со одбраната се на вистински испит – зарши поранешниот член на Вардар Ватрастолна, Пелистер, Јафа, Тутински, Струмица, Струга и Охрид.


Европското првенство стартува денеска, Македонија натпреварувањето го отвара против Шведска, следува мечот со Германија а групата “црвено жолтите“ ја затвараат со мечот против Чешка.

Михаил Постоловски