Освоивме планирани бодови, ракометарите во средината од вториот дел се опуштија, но  одигравме доволно за победа – започна Горан Андоновски и додаде. Добро е што не дојде до некоја непосакувана повреда, големата предност во финишот ја искористив да им дадам шанса на помладите да ја почувствуваат атмосферата на теренот.


Ѓорче Петров 64 е наредниот противник на “гладијаторите“ во 16-та етапа од Првата машка ракометна лига. “Лавовите“ во 15-та рунда приредија сензација, откако го совладаа лидерот на табелата Текстилец.

-Триуфмот над Текстилец доволно говори за квалитите кои ги поседува екипата на Ѓорче Петров 64. До крајот на првенството немаме право на грешка на домашен терен – заврши тренерот на охриѓани Горан Андоновски

Со десет победи во 14 натпревари, “гладијаторите“ се наоѓаат на втората позиција додека Ѓорче Петров 64 со 15 бодови котираат на деветтата позиција.

Мх.П.