Позади нас е натпреварот со двократниот европски шампион Вардар кој е прв фаворит за освојување на домашното првенство оваа сезона. За жал, не успеавме да извојуваме победа на тој натпревар, но, мислам дека го дадовме максимумот со оглед на тоа што минатата недела тенинзите се одвиваа без присуство на неколку клучни играчи, вели помошникот тренер на ГРК Орид, Крсте Андоновски.
Ни следува еден згуснат распоред. Во наредните осум до девет дена играме три важни натпревари. Во петок ја пречекуваме екипата на Пелистер 2. Во среда имаме тешко гостување со екипата на Тиквеш во Кавадарци и во недела на домашен терен го пречекуваме актуелниот шампион на Македонија, екипата на Пелистер. Се надевам дека играчите кои се пожалија на повреди изминатиов период ќе се опорават и максимално подготвени, фокусирани ќе влеземе во овие натпревари и заедно ќе се радуваме, додава Андоновски.
OhridNews











