Шпанскиот шампион, Барселона ја засили екипата со репрезентативецот на Португалија и член на Валенсија, Андре Гомеш.
Трансферот на фудбалерот кој делува на средината од теренот каталонците го потврдија на социјалните мрежи, но не обелоденија ништо од договорот.
22-годишниот фудбалер потекнува од школата на Бенфика каде настапуваше до 2014 година. Сезоната 2014/15 португалскиот репрезентативец ја мина позајмица на Местаља, а клубот го откупи договорот откако ги задоволи критериумите.
Андре Гомеш има 13 настапи за „селесао“, а поголем дел од нив се Европското првенство во Франција каде успеа да стигне со златниот медал.
Фудбалерот од средината на теренот тесно беше поврзуван со трансфер во Манчестер Јунајтед кој полека го комплетира трансферот на Пол Погба.
OhridNews