Ракометарката на Вардар, Андреа Пенезиќ се најде меѓу трите ѕвезди во првата рунда од главната фаза во Лигата на Шампиони.
Хрватската репрезентативка со осум голови беше најпрецизна во значајниот триумф на Вардар (31-28) над Будуќност во Подгорица.
Друштво на „вардарката“, Пенезиќ меѓу трите најдобри и прават Стине Јоргенсен од тимот на Митјиланд и Ана Грос од составот на Мец.
„Црвено црните“ немаат свој преставници во изборот за најдобри одбрани и голови. Видео прилогот за најдобрите три ракометарки можете да го погледнете тука.
OhridNews