Андреа Савиќ и Славчо Мургоски, ученици во III година во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ најдобри на меѓународниот натпревар во мехатроника, инженерство и електротехника „Балкан јуниор“, кој се одржа во Велење, Р. Словенија.

Ова е четврти пат со ред ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“-Oхрид да ја освојат првата награда на овој престижен меѓународен натпревар.

Учениците, Андреа и Славчо, освојувајќи максимум 100% во бодирањето од стручната комисија на теоретскиот дел и на изработката на проектната задача, под менторство на професорите Владо Јанкулоски и м-р Сања Јованоска го освоија првото место во силна конкуренција од седум Балкански држави.

Второто место му припадна на тимот од Босна и Херцеговина, додека третото на тимот од Словенија.

Инаку, „Балкан Јуниор“ е наменет за училишта од областа на мехатроника, инженерство и електротехника, што ја нагласува неговата основна цел – промовирање на техничкото образование и иновациите кај младите.

Учеството во вакви настани придонесува за развој на практични вештини, решавање проблеми и тимска соработка, кои се вештини кои се неопходни за успех во современиот свет.

OhridNews