Андреа Савиќ и Славчо Мургоски, ученици во III година во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ најдобри на меѓународниот натпревар во мехатроника, инженерство и електротехника „Балкан јуниор“, кој се одржа во Велење, Р. Словенија.

Учениците, Андреа и Славчо, освојувајќи максимум 100% во бодирањето од стручната комисија на теоретскиот дел и на изработката на проектната задача, под менторство на професорите Владо Јанкулоски и м-р Сања Јованоска го освоија првото место во силна конкуренција од седум Балкански држави.
Второто место му припадна на тимот од Босна и Херцеговина, додека третото на тимот од Словенија.
Инаку, „Балкан Јуниор“ е наменет за училишта од областа на мехатроника, инженерство и електротехника, што ја нагласува неговата основна цел – промовирање на техничкото образование и иновациите кај младите.

OhridNews













