Манчестер Јунајтед рекордниот трансфер на аргентинскиот репрезентативец Анхел ди Марија во 2014 година го направил исклучиво од маркетиншки цели, а не да биде конкурентен на екипите во Премиер лигата.

Ваквите цели на „црвените ѓаволи“ ги наведува Дебора Гомез која беше преведувачка на во тоа време на Олд Трафорд. Таа тврди дека слушнала разговор помеѓу двајца високи функционери за Ди Марија пред да биде ангажиран од Реал Мадрид за 75 милиони евра.

– Имав можност повеќе пати да зборувам со него и секогаш ми велеше дека не е задоволен во клубот. Најголем негов проблем беше јазична бариера, потоа самиот тој разбра дека ангажиран беше за маркетинг и за продавање дресови, а не за да ја засили екипита. – изјавува Дебора Гомез.

Ди Марија на Олд Трафорд помина само една сезона одигрувајќи вкупно 32 натпревари на кои постигна 4 погодоци и 12 пати асистираше до соиграчите. Летото 2015 година се пресели во ПСЖ и се` уште е дел од тимот на „светците“.

OhridNews