Македонската фудбалска репрезентација, утре, против селекцијата на Летонија ќе го одигра шестиот натпревар во квалификациите за пласман на Европското првенство следната година. „Црвено жолтите“, имаа добра најава на мечот со фенерџијата ремизирајќи со Израел (1-1).

Селекторот на нашата репрезентација Игор Ангеловски се соочи со проблем откако Елиф Елмас се повреди на тренингот и сигурно ќе го пропушти утрешниот меч. Лимитирана минутажа ќе има и капитенот Горан Пандев, кој исто така влечи повреда.

  • Натпреварот во Израел и патот до Летонија беа доста тешки, но се рекупериравме и подготвени ќе бидеме за утрешниот натпревар. Летонците на претходниот меч од квалификациите изгубија од Австраија и сигурно против нас ќе сакаат да се извадат. Нашата цел е победа. Знаеме да играме под притисок и сигурен сум дека ќе се прикажиме во најдобро светло. Со три бодови ќе се вмешаме во трката за местата кои водат во квалификациите а тоа беше и наша мисија на стартот од циклусот. – изјави селекторот.

Тој потврди дека Елмас нема да биде дел од составот а најверојатно натпреварот ќе го започнат Александар Трајковски и Иван Тричковски. Дуелот во Рига се игра во 20 часот и 45 минути.

 

OhridNews