Македонската фудбалска репрезентација во мешан состав претрпе пораз од Австрија 2-1 во претпоследната рунда од квалификациите за Европското првенство. Австријците со триумфот го визираа билетот за учество на ЕП додека нашата селекција забележа пад на табелата.

Селекторот Игор Ангеловски поради повреди и жолти картони мораше да менува во составот и шанса му даде на неколку дебитанти и фудбалери со помала минутажа. Ангеловски задоволен е од настапот на дебитантите а токму еден од нив Влатко Стојановски го постигна единствениот погодок за нашата селекција.

Одигравме квалитетен натпревар. Австрија доминираше во првиот дел, а ние дозволивме да примиме погодок кој во никој случај не смеевме да го примиме на тој начин. Во вториот дел се ослободивме од притисокот, бевме подобри од противникот, а потоа направивме две-три шанси за гол. Влатко Стојановски ја оправда шансата која што ја доби, а тоа беше случајот и со останатите дебитанти. – изјави Ангеловски.

„Црвено жолтите“ во вторник на домашен терен против Израел ќе ги завршат квалификациите за Европското првенство. Македонија шанса за пласман на ЕП има преку Лигата на Нации каде ќе игра во плејофот. Прв ривал на Македонија и е Косово.

OhridNews