Селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски го соопшти списокот на фудбалери за последните два натпревари од групата во Лига на Нации. „Црвено жолтите“ на 16 ноември гостуваат кај селекцијата на Лихтенштајн, а три дена подоцна на домашен терен ќе се сретнат со репрезентацијата на Гибралтар.

Предводникот на македонската селекција го повика голманот на Арсенал во младинските категории Деан Илиевски, а по подолго време во селекцијата е Крсте Велковски. Останатите фудбалери се исти како и од претходните дуели во Лигата на Нации.

  • Лихтенштајн е противник со кого веќе игравме претходно. Очекувам да влеземе максимално сериозно и да ја добиеме првата средба. Потоа ќе следи Гибралтар и ќе размислуваме за него. Македонија е фаворит на овие два меча, но мора да ја оправдаме улогата. Ќе играме офанзивно како и секогаш. Примарна цел ќе биде да се добијат натпреварите, а ако се даде можност победата да биде што поубедлива, ќе се потрудиме да го направиме тоа. – изјави селекторот.

Македонија е водечка селекција во групата со девет поени, а најголема закана е Ерменија која има три помалку.

Составот:

Голмани: Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски, Деан Илиев

Одбрана: Висар Муслиу, Егзон Бејтулаи, Кире Ристевски, Мите Цикарски, Кристијан Тошевски, Ѓоко Зајков

Среден ред: Аријан Адеми, Енис Барди, Стефан Спировски, Бобан Николов, Езџан Алијоски, Ферхан Хасани, Елиф Елмас

Напад: Горан Пандев, Илија Несторовски, Александар Трајковски, Иван Тричковски, Крсте Велковски

OhridNews