Без победник (1-1) заврши пресметката помеѓу Словенија – Македонија во Љубљана во рамките од втората рунда во квалификациите за пласман на Европското првенство следната година. Според селекторот на А репрезентацијата, Игор Ангеловски не е реален исход и тој смета дека „црвено жолтите“ требало да ги освојат трите бодови.

  • Пред почетокот на циклусот реков дека сум задоволен со три бода од првите два меча, но сега по еден ваков меч против Словенија, жалам што не победивме. Многуте шанси кои ги создадовме се доказ дека имаме квалитет. Барем една од тие шанси кои ги создадовме, да реализиравме, сега ќе славевме победа. Сметам дека нерешено не е реален резултат, ние бевме подобри и требаше да победиме. – изјави Ангеловски.

Фудбалската репрезентација на Македонија со четири бодови од два натпревари ја дели втората позиција со Израел, додека максимален ефект од шест бодови има селекцијата на Полска. Словенија има два бодови, а Австрија и Летонија без бодови се наоѓаат на претпоследната односно последната позиција.

OhridNews

ЕП: Македонија ремизираше со Словенија (видео)