Сигурен сум дека фудбалерите ќе го дадат максимумот како никогаш досега во своите кариера. Чудно ќе биде да се игра во вакви услови, но ќе мора да се навикнеме како сите во светот. Ние најмногу сакавме да играме пред преполн стадион, но ќе направиме се што е потребно да ги направиме нашите поддржувачи среќни и задоволни, – изјави селекторот на Македонија, Игор Ангеловски на официјална пресконференција за дуелот со Косово во полуфиналето од баражот во Лигата на Нации.

„Црвено жолтите“ никогаш не биле поблиску до пласман на Европско првенство. Првата од двете пречки е селекцијата на Косово. Ако Македонија го помине Косово во финалето ќе игра со победникот од Белорусија – Ерменија.

Резултатски притисок чувствуваме бидејќи Македонија овој натпревар го чека 30 години. Убеден сум дека нема да биде последен, а се надевам дека ќе биде успешен. Жално е што Пандев излезе од натпреварувачки ритам. Но за вакви мечеви не се потребни дополнителни подготовки затоа што се играат со голема страст и мотивација. – рече селекторот.

Голем хендикеп за Македонија е неиграњето на Ељиф Елмас, но со проблеми се соочува и Косово кој неможе да смета на неколку стандардни репрезентатвци.

 

OhridNews

Пандев: Многумина помогнаа да дојдам во Македонија, некои не се потрудија да прашаат како сум