Англија и фудбалската федерација подготвуваат кандидатура до светската куќа на фудбалот (ФИФА) за организација на Светското првенство 2026 година.


Но, првиот човек на Англиската федерација, Грег Дајк за медиумите рече за тоа да се случи треба да биде сменет Сеп Блатер од претседаталската функција.

Во новиот избор за делегати во Извршниот одбор место имаше за Британецот, Дејвид Гил, кој своевремено беше спортски директор на Манчестер Јунајтед.

– Ако нам новиот делегат Гил ни гаринтира дека во ФИФА се функционира совршено ние веднаш ќе поднесеме кандидатура за организација на Мундијалот. – рече Драјк.

Ваквите напади кон Блатер доаѓаат во најлош момент бидејќи за брзо се изборите за прв на човек на ФИФА, а подолго време Швајцарецот немал ваква конкуренција како на овие избори.

Мх.П.