Со голот за Лестер во ремито со Манчестер Јунајтед (1-1) новопечениот англиски репрезентативец Џејми Варди постави рекорд од 11 натпревари по ред како постигнува голови во Премиер лигата.
До сега рекордот го чуваше холандската машина за голови Руд ван Нистерлој кој во 2001 година десет меча во низа беше стрелец за „црвените ѓаволи“.
Англичаните на големо пишуваат за напаѓачот на Лестер кој минатата сезона се појави на големата сцена во Премиер лигата.
Во знак на благодарност неговиот прв клуб Стоксбриџ одлучи еден дел од трибината да го носи името на Варди кој е нов супер херој во англискиот фудбал.
Ohridnews











