Англиската Премиер лига ќе има рекордни пет свои преставници во ждрепката за осминафиналните двојки во Лигата на Шампиони, која ќе се одржи во понеделник во Нион, Швајцарија. Никоја земја до сега од другите национални шампионати во нокаут фазата немал толку преставници иако неколкунастапувале со пет екипи во групната фаза. 

Од петте премиерлигаш во најнезавидна ситуација се најде Челси кој финишираше на втората позиција во Ц групата после Рома, додека Манчестер Јунајтед и Сити, Ливерпул и Тотенхем завршија како лидери на табелата и имаат поголем „избор“ на противници.

Ждрепката за осминафиналните парови е диригирана, не можат да се сретнат екипи од иста земја и со онаа екипа со која си бил во групата во случајот на Челси-италијанскиот калочигаш Рома. Кругот на потецијални противници на Челси се намалува на три екипи и тоа Пари Сент Жермен, Бешикташ и Барселона.

– Јас не говорам која екипа ја посакувам, но слободно можете и нив да ги прашате дали не посакуваат нас за ривал во 1/8 финалето. – кратко одговори менаџерот на „сините“, Антонио Конте.

Нокаут мечевите во ЛШ започнуваат во февруари месец следната година

Победници во групите: Манчестер Јунајтед, ПСЖ, Рома, Барселона, Ливерпул, Манчестер Сити, Бешикташ, Тотенхем

Втори во групите: Базел, Баерн Минхен, Челси, Јувентус, Севиља, Шахјтор, Порто, Реал Мадрид.

OhridNews