Шпанските екипи го имаат главниот збор на трансфер пазарот симнувајќи ги анличаните од тронот кои повеќе од една деценија беа најголеми потрошувачи за доведувањето на нови фудбалери.
Тимовите кои сезонава се дел од Ла Лига потрошија над 500 милиони евра, што воедно преставува и нов рекорд во Шпанија. До крајот на трансфер рокот екипите дополнително ќе ја „набилдаат“ сумата и многу веројатно ќе го надминат рекордот на екипите од Премиер лигата, кој изнесува 800 милиони евра.
Во трошењето во ангажман на нови фудбалери предничи Реал Мадрид, кој до сега има купено фудбалери во вредност од 300 милиони евра. Најзвучен трансфер на „кралевите“ е Еден Азард. Атлетико Мадрид е иста на бранова должина со градскиот ривал. Само што „јорганџиите“ трошат пари од продажбата на фудбалери од сопствените редови. Остварените приходи од трансферите на Ентони Гризман и Лукас Хернандес ги вложија во Жоао Феликс и уште пет други фудбалери
Барселона се расфли со многу пари ангажирајќи ги Гризман и Френки де Јонг. Францускиот репрезентативец на Ноу Камп се пресели за 120 милиони евра, Де Јонг за 80 милиони. Од средниот ешалон во Шпанија, Бетис и Севиља се активни, а тука некаде се Валенсија и Виљареал.
OhridNews












