Англинската репрезентација доби „старо-нов“ селектор, откако фудбалската федерација доверба му даде на Герет Саутегејт кој привремено ја водеше селекцијата.


Саутгејт кој потпиша четиригодишен договор со ФА, селекцијата ја водеше на четири мечеви по оставката на Сем Алардајс.

– Во претходните четири натпревари уживав водејќи ја селекцијата, а сега пред мене има уште поголем предизвик. Верувам во момците кои имаат голем потенцијал, но допрва имаме големи задачи пред нас. – рече Саутгејт.

На четирите мечеви како в.д. селектор, Саутгејт забележа две победи и два пати ремизираше. Во минатото 46-годишниот стручњак го предводеше Мидлзброу, а во А селекцијата се преселува од младинската која ја водеше во неколку квалификациски циклуси.

OhridNews