Навивачите и репрезентативците на Англија и Франција во еден глас на „Вембли“ ја пеаја химната на Франција во чест на загинатите во терористичките напади минатиот петок во Париз.
Англичаните не само што го одржаа ветувањето туку упатија порака до сите дека фудбалот и спортот победуваат на крајот што и да се случува.
На трибините од храмот на фудбалот беше целиот врв на Англија, а специјален гости беше менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер.
Ohridnews











