Селекциите на Англија и Германија и се придружија на Белгија на Мундијалот во Русија, откако го обезбедија првото место во квалификациските групи.

„Гордиот албион“ со голот на Хари Кејн во судиското продолжение ја победи Словенија 1-0, додека „панцирите“ со 3-1 славеа на гостувањето кај Северна Ирска.

Во претпоследната рунда уште неколку селекции имаат шанса да ги чекираат билетите за СП, а финалната разврска е во последното коло кое започнува во недела.

Резултати:

Група Ц: Азербејџан – Чешка 1-2, Северна Ирска – Германија 1-3, Сан Марино – Норвешка 0-8.

Табела: Германија 27, С. Ирска 19, Чешка 12, Норвешка 10, Азербејџан 10, Сан Марино 0.

Група Е: Ерменија – Полска 1-6, Црна Гора – Данска 0-1, Романија – Казакстан 3-1.

Табела: Полска 22, Данска 19, Црна Гора 16, Романија 12, Ерменија 6, Казакстан 2.

Група Ф: Англија – Словенија 1-0, Малта – Литванија 1-1, Шкотска – Словачка 0-0.

Табела: Англија 23, Шкотска 17, Словачка 15, Словенија 14, Литванија 5, Малта 1.

OhridNews