Волонтерите на здружението „Анималиа“ деновиве згрижија уште четири мали кученца кои биле исфрлени од нивните несовесни сопственици. Тие моментално се наоѓаат во прифатилиштето во Мауцкер и чекаат да бидат вдомени од некои љубители на животни.

Од Здржението напоменуваат дека капацитетот на прифатилиштео е веќе надминат и дека нема услови за згрижување на нови кучиња.

-Пак исфрлени кученца од некој кој душа нема ни кон нив, ни кон нас. Не знаеме веќе кој крај да го фатиме, не знаеме веќе ни како со храна и со енергија да постигниме. Иако постојано апелираме до луѓето да не постапуваат вака, сепак до нив не допираат овие зборови, не допира ни сочувството кон нив и кон нас, една шака волонтери. Плус, напоменавме дека имаме вирус и можно е лесно да заболат малите кученца, велат од „Анималиа“.

Тие упатуваат апел до љубителите на животни да ги вдомат овие кученца, а до останатите несовесни сопственици да не ги оставаат своите миленици, бидејќи прифатилиштето нема капацитет да ги прими истите.

OhridNews