Мнозинството граѓани смета дека претседстелот Ѓорѓе Иванов чесно ја извршува функцијата и позитивно ја оценуваат неговата надворешна политика и ставови во врска со спорот за името, покажале резултатите од истражувањето на јавното мислење, спроведено од Институтот за Политички Истражувања – Скопје (ИПИС).

На прашањето „Какво е вашето мислење за претседастелот“, 59,1 % од испитаниците одговориле позитивно, 23,8 проценти негативно, а 17.1 отсто немат оценка, а високи 73,6 проценти сметаат дека Иванов чесно ја обавува функцијата претседател. На прашањето пак „Како ја оценувате политиката и работата на Претседателот во однос на прашањето за името?“,  59,8 отсто од испитаниците одговориле позитивно, 27,4 проценти не се задоволни од неговиот ангажман, додека, пак, без мислење се 12,8 отсто од анкетираните. Од нив 50,4 проценти се на став дека претседателот ги исполнил нивните очекувања, a 56,2 отсто се задоволни како тој ја води надворешната политика.

Телефонската анкета е спроведена во периодот помеѓу 14-17 јуни 2013 година на примерок од 1119 испитаници, како дел од редовните мерења на ставовите на граѓаните во однос на нивната доверба и перцепции за работата на Претседателот на Република Македонија.

OhridNews