Претседателот Ѓорѓе Иванов чесно ја извршува функцијата, сметаат 73 проценти од граѓаните опфатени со телефонската анкета што на барање на Кабинетот на Претседателот од 24 до 27 октомври годинава ја спроведе Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) врз примерок од 1.115 испитаници.

На прашањето какво е вашето мислење за претседателот, 58,4 проценти од испитаниците одговориле позитивно.

Мнозинството позитивно ја оценува и политиката на претседателот во однос на спорот за името.

Позитивна оценка Иванов дови и за работата во надворешната политика (58,7 проценти), а повеќе од половина од испитаниците, или 54 проценти сметаат дека шефот на државата е доволно присутен меѓу граѓаните.

OhridNews