Кандидатите за градоначалник на Охрид ветуваа премногу во кампањата во првиот круг сметаат граѓаните. На анкетното прашање на „Ohridnews“: „Како ги оценувате изборните ветувања на кандидатите за градоначалник?“, 53% одговориле дека кандидатите ветуваат премногу. За 20% од анкетираните посетители на „Ohridnews“, ветувањата кои во текот на изборната кампања ги даваат кандидатите за градоначалник на Охрид се неостварливи, 16% сметаат дека тие се амбициозни, додека само 11% од граѓаните сметаат дека дадените ветувања се остварливи.
Во анкетата на „Ohridnews“ беа вклучени 700 посетители.











