
Додека резултатите за земјите од Западна Европа покажуваат значително пониско позитивно влијание во однос на другите региони.
Ова истражување беше спроведено и на територијата на Македонија од страна на БРИМА, членка на WIN-Gallup International и дел од TNS во ноември 2013 год.
Резултатите од истражувањето во Македонија покажуваат дека 68% од испитаниците сметаат дека религијата има позитивна улога во нивната земја, наспроти 11% кои се изјаснуваат дека религијата има негативна улога. Позитивниот нето скор во Македонија изнесува 57%, што е значително поголем во однос на нето скорот добиен на глобално ниво 37%. Овој скор отстапува од оној на Источна Европа 33%, а интересно е да се напомене дека е најблизок со нето скорот во регионот Америка 54%.
Разгледувајќи ги резултатите по религиозна линија, се забележува дека нето скорот на православните граѓани во Македонија изнесува 49% и е скоро идентичен со нето скорот на православните во светот 47%. Додека нето скорот на анкетираните муслимани во Македонија изнесува 77% и е значително повисок од анкетираните муслимани на глобално ниво 60%.
Во однос на образованието слично како и во светот и во Македонија се забележува дека нето скорот кај оние без образование 76% е повеќе од двојно поголем од оној кај граѓаните со највисок степен на образование (Магистри и Доктори на науки) 36%.
Анализата за резултатите во Македонија утврди дека позитивниот нето скор за улогата на религијата во земјата е под битно влијание на перцепцијата на граѓаните кои со оптимизам гледаат на иднината (очекуваат 2014 да биде подобра од 2013), исто така влијание во иста насока се забележува и кај граѓаните кои општо земено се задоволни од животот кој го живеат ( и кај обете категории нето скорот изнесува 61%)
Во периодот до Велигден, ЊИН / Галуп интернешнл ги објави резултатите од истражувањето кои покажуваат дека нешто повеќе од половина (59%) од 66.806 испитаници, чувствуваат дека религијата има позитивна улога во нивната земја.
Сепак, ова чувство не е одраз за сите региони подеднакво. Западна Европа покажува низок позитивен нето скор од само 4% – бројка што е значително помаала од глобалниот просек (37%). Вкупно има девет земји чиј нето скор е негативен кога е во прашање улогата на религија. Дури шест од тие спаѓаат во регионот на Западна Европа (Белгија, Данска, Франција, Холандија, Шпанија и Шведска). Од овие, Данска има најголем негативен нето скор од -36%, следена од Белгија (-30%), Франција (-22%) и Шпанија (-22%). Спротивно на тоа, најголем позитивен нето скор има Исланд (43%) следен од Португалија (39%), што може да се должи на тоа што овие земји имаат една доминантна религија. На глобално ниво, земјата со најголем негативен нето скор е Либан (-43%).
OhridNews
извор Макфакс












